Арсенал ќе го тестираат Мичел Бергкамп, синот на легендата на клубот Денис Бергкамп, откако оваа недела тој ќе биде со У-23 тимот на „топчиите“.
22-годишниот Мичел Бергкамп е слободен фудбалер откако си замина од холандскиот второлигаш Алмере сити, и овојпат ќе добие шанса да го импресионира тренерот Стив Булд со можност за постојан договор.
Мичел, кој обично игра во средината на теренот, зад напаѓачите, цела своја кариера ја помина во Алмере од 2017 година, но не успеа да се пробие во сениорскиот тим. Тој порасна во Лондон и играше за детскиот клуб Хелди Вуд ренџерс.
Неговиот татко Денис Бергкамп останува миленик на „Емирати“ откако одигра 423 натпревари за клубот од северен Лондон, освојувајќи три титули од Премиер лигата и постигнувајќи 120 гола.