Арсенал ќе се обидат да го донесат напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд ова лето, тврди „Дејли мирор“, со трансфер кој би ги решил напаѓачките дилеми на менаџерот Микел Артета и би му дал „достоен излез“ на Рашфорд по лошата сезона.
„Топчиите“ се без многу опции во нападот по крајот на сезоната, откако договорите на Александер Лаказет и Еди Нкетија завршуваат ова лето, а веќе дозволија Пјер-Емерик Обамејанг да замине во Барселона во јануари.
Рашфорд од друга страна, има ужасна сезона на „Ол Трафорд“, и во 2022 има само три премиерлигашки старта во 2022 под Ралф Рангник. Тој има постигнато само 5 гола во сите натпреварувања оваа сезона, далеку помалку од 21 гол кој го постигна во 2020/21, по што не беше повикан во англиската репрезентација за пријателските мечеви. 24-годишниот Рашфорд исто така неодамна влезе во конфликт со навивачите, покажувајќи им среден прст по провокациите кои ги доби.
Рашфорд има договор со Јунајтед до 2023 година, а клубот им опција да го продолжи престојот на уште една сезона.