Top Sport

Косиелни се пензионираше по обвиненијата за расизам од фановите на Бордо

Поранешниот капитен на Арсенал и ексфранцуски репрезентативец, Лорен Косиелни објави дека се повлекува од фудбалот и во исто време ги демантираше обвинувањата за расизам од ултрасите на Бордо.

36-годишниот Косиелни последните два месеци е „зармзнат“ во Бордо, францускиот гигант кој се наоѓа на последното место на табелата, откако заедно со својот соиграч Беноа Костил беше обвинет за „скандалозно, понекогаш и расистичко однесување“ од страна на навивачката група „Ултрамаринс 87“.

Косиелни даде објава преку неговиот адвокат до весникот „Суд ест“, кој на 22 март ја објави приказната за наводниот расизам, демантирајќи го тоа и најавувајќи тужби. Тензијата помеѓу ултрасите и Косиелни и Костил се претвори во конфликт по 2:0 поразот од Монпелје минатата недела и се уште еден проблем за Бордо, кои речиси сигурно од следната сезона ќе играат во втората лига.

Scroll to Top