Top Sport

Арсенал му нуди 30 милиони евра на Реал за Дијаз

Челниците на Арсенал се заинтересирани за играчот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз, кој моментално настапува како позајмен во Милан, пренесуваат италијанските медиуми.

Челниците на лондонскиот клуб се подготвени да одвојат 30 милиони евра за овој трансфер.

Дијаз (23) сезонава за Милан одигра 31 натпревар и постигна пет гола. Во Реал пристигна во 2019 година од Манчестер сити, а потоа во 2020 година беше испратен на позајмица во Милан.

Договорот за позајмица на шпанскиот фудбалер со италијанскиот клуб истекува на 30 јуни оваа година. Тој има договор со Реал до 2025 година.

Дијаз ги помина сите младински селекции на Шпанија, а одигра и еден натпревар за репрезентацијата на „црвената фурија“.

Scroll to Top