Top Sport

Винисиус го одбил Реал, не сака да ја носи седумката

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жниор ја одби понудата на клубот следната сезона да го носи дресот со број седум, кој во минатото го носеа легендите на клубот.

Винисиус сака да продолжи да го носи дресот со број 20, кој веќе го носеше во Фламенго и бројот кој го носи од почетокот на кариерата.

Клубот официјално му предложил на бразилскиот фудбалер да го носи легендарниот број на грбот, кој досега го носеле играчи како Емилио Бутрагењо, Раул Гонзалес и Кристијано Роналдо.

Со понудата на Винисиус, Реал сакаше да го оживее угледот на славната седумка. По заминувањето на Роналдо, бројот седум го носеа Маријано Диас и Еден Азар, но не ги оправдаа очекувањата.

Азар не е во плановите на тренерот Карло Анчелоти, оваа сезона одигра седум натпревари и постигна гол против Селтик во Лигата на шампионите.

Scroll to Top