Top Sport

Арсенал, Наполи, Рома, Атлетико навиваат за прекин на сезоната

Фудбалските работници низ Европа вложуваат напори, бараат решенија како да ги завршат сезоните во националните шампионати. Реална опција сезоната да биде поништена постои, тоа вчера го покажаа Холанѓаните.

Холандската влада наложи суспензија на сите спортски активности до 1 септември, поради што Фудбалскиот сојуз ја поништи сезоната. Вакво сценарио е можно во сите земји, особено во оние кои се најмногу погодени од коронавирусот (Италија, Шпанија, Франција, Англија).

Доколку сезоната биде откажана УЕФА учесниците во лигата на шампионите и Лига Европа ќе ги одредува според клупскиот коефициент.

На едно вакво сценарио најмногу ќе се израдуваат Арсенал, Наполи, Рома, Атлетико Мадрид…

Одиме по ред.

Од Англија, според клупскиот рејтинг, во Лигата на шампионите би играле Ливерпул, Манчестер сити, Арсенал и Тотенхем. Во случај да им биде потврдена суспензијата на Манчестер сити тогаш местото ќе го заземе Манчестер Јунајтед. Во Лига Евфопа би се пласирале Челси, Лестер, Вулверхемптон.

Според коефициентот од Шпанија во ЛШ би играле Барселона, Реал, Атлетико Мадрид и Севилја. Во една ваква ситуација ќе ќари Атлетико, а губитник е Реал Сосиедад бидејќи на табелата се наоѓа на четвртото место, додека Атлетико се шести.

Многу повеќе контроверзи би имало во Бундеслигата. Лајпциг се борат за титулата и се пласираа во четврт-финалето во Лигата на шампионите, но во случај сезоната да биде откажана тогаш „биковите“ би останале без своето место во елитата.

Од Германија во ЛШ би се пласирале Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Шалке и Баер Леверкузен, а покрај Лајпциг ќе извиси и Борусија Менхенгладбах.

Слична е и ситуацијата во Италија. Рома и Наполи би влегле во елитата иако според пласманот на табелата се наоѓаат во зоната на Лига Европа. Пред нив се Аталната и и Интер.

Доколку не заврши сезоната Шкендија ќе игра во ЛШ, Вардар во ЛЕ

Scroll to Top