Top Sport

Доколку не заврши сезоната Шкендија ќе игра во ЛШ, Вардар во ЛЕ

Намерата и желбата на УЕФА е националните првенства во Европа да го доживеат својот крај. Желбата е учесниците во европските купови пласманот да го обезбедат на фудбалските терени. Доколку тоа сепак е невозможно да се случи тогаш имаат резервен план.

Пораката на УЕФА до националните сојузи е јасна, сезоните треба да завршат најдоцна до 3 август, доколку тоа не се случи тогаш УЕФА според рејтинг-листата ќе ги одреди учесниците, почнувајќи од квалификациите, во Лигата на шампините и Лига Европа.

Што би значело едно вакво сценарио за македонскиот фудбал?

Најголем губитник би бил Вардар заедно со Силекс, а најголеми добитници Шкендија и Работнички.

Вардар по 23 кола се наоѓа на првото место на табелата со 46 поени, десет повеќе од Силекс, додека Шкендија е трета со 35 поени. Работнички е на осмото место со 28 поени и во исто време се бори и за опстанок и за излез во Европа.

Според ранг-листата на УЕФА Шкендија се наоѓа на 150 место, односно има најдобар ранкинг од сите македонски клубови.

Тоа значи дека доколку сезоната биде откажана тогаш Шкендија ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а покрај Вардар во квалификациите за Лига Европа ќе бидат Работнички и Шкупи.

На ранг-листата на УЕФА Вардар е на 227, Работнички на 311, а Шкупи на 344 место.

foto/fkvardar.mk

Scroll to Top