Арсенал е меѓу најактивните клубови во актуелниот преоден рок. По Каи Хаверц и Деклан Рајс, клубот го договори и трансферот на Јуриен Тимбер од Ајакс.
„Топчиите“ постигнаа договор со Ајакс и останува само дефанзивецот на холандската репрезентација да дојде на прегледи во Лондон. Арсенал ќе му ги плати на Ајакс бараните 40 милиони евра со уште пет милиони преку бонуси.
Ова е трето засилување на Арсенал во овој преоден рок, второ за само 24 часа. Прво беше донесен Каи Хаверц, а потоа Деклан Рајс.
Само за овие тројца играчи вицешампионот на Англија потроши повеќе од 200 милиони евра.
After Declan Rice, Arsenal complete also Jurrien Timber deal as expected — never been in doubt.
Direct call today to agree on €40m deal plus €5m easy add-ons.
Timber will sign until June 2028 and he only wanted Arsenal, super excited about the project.
Here we go 🔴⚪️ #AFC pic.twitter.com/yWvrEMrSsi
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 5, 2023