Довчерашниот играч на Челси, Бразилецот Давид Луис е новото засилување на Арсенал на последниот ден од преодниот рок, јавуваат медиумите на Островот. Се чини фановите на „топчиите“ не треба да се грижат за одбраната затоа што експресно се пронајдену две замени по заминувањето на капитенот Лоран Кошчиелни кој за 5 милиони евра премина во Бордо.
Најпрво клубот од северен Лондон се засили со Киран Тирние, а сега и со Луис.
Искусниот дефанзивец на „Емирати“ доаѓа за 8.7 милиони евра. Тоа е минимално во споредба со парите што Челси ги даде за дефанзивецот да го доведе кај „сините“ од редовите на ПСЖ. Пред 3 сезони Челси за Луис плати 35 милиони евра, а и тогаш, како и денес, фудбалерот го договори на последниот ден од преодниот рок.
Луис и тренерот на „топчиите“ Унаи Емери добро се познаваат уште од времето кога заедно беа во ПСЖ.
LEAKED: David Luiz is a done deal ✅
#DeadlineDay? pic.twitter.com/q4JMzSLZmF— BenchWarmers (@BeWarmers) August 8, 2019