Top Sport

Јовиќ, Азар и Жиру – кандидати за најдобар фудбалер во Лига Европа

Најскапиот српски фудбалер, Лука Јовиќ кој неодамна премина од Ајнтрахт Франфурт во Реал Мадрид заедно со Еден Азар кој исто така премина во Реал, од екипата на Челси, како и неговиот екс-соиграч од кај „сините“, Оливие Жиру се најдоа во најтесниот изор за најдобар играч во Лигата на Европа.

Азар и Жиру го предводеа Челси до трофејот, а Јовиќ со Ајнтрахт стигна до полуфиналето. Сите тројца играчи оваа сезона ќе настапуваа со своите клубови во Лигата на шампиони.

УЕФА денеска ги објави и кандидатите за најдобар голман, дефанзивец, играч од средниот ред и напаѓач во Лигата на шампионите

Меѓу голманите борбата е меѓу Алисон, Лорис и Тер Штеген.

Кај одбранбените играчи во најтесниот круг се Арнолд, Ван Дајк и Де Лихт.

Кај играчите од средниот ред изборот ќе се прави меѓу Ериксен, Де Јонг и Хендерсон.

Кај напаѓачите ќе се одбира меѓу Меси, Роналдо и Мане.

Најдобрите ќе бидат прогласени на 29 и 30 овој месец, кога ќе се одржи жрепката за новата сезона.

Scroll to Top