Top Sport

Арсенал објаснија зошто не му понудија нов договор на Ремзи

Арсенал се реши да не му понудат нов договор на Арон Ремзи, бидејќи доколку ги исполнеле неговите барања за височината на платата ќе било „многу штетно“ за односите во клубот, објасни шефот на фудбал на „топчиите“, Раул Санлехи.

Ремзи ќе замине во Јувентус како слободен фудбалер на 1 јули, откако се согласи на договор во февруари за наводно 400.000 фунти неделни. Санлехи вели дека би било неодговорно Арсенал да му дадат таква „неверојатна“ понуда иако Велшанецот сакаше да остане со клубот.

„Една од клучните работи, бидејќи го видовме тоа кај другите клубови е да се балансираат платите на фудбалерите во тимот. Бидејќи не го обновивме договорот на Арон навреме, бевме во ситуација во која тој добиваше неверојатни понуди. Тој сакаше да остане, но на крајот ние моравме да ги штитиме интересите на клубот. Доколу имаше толку голема нерамномерност во платите ќе беше штетно за тимот“, вели Санлехи.

Арсенал само со победа во финалето на Лига Европа против Челси се враќа во Лигата на шампионите, но Санлехи вели дека нема да имаат проблем да ги убедат ѕвездите да дојдат во Лондон.

„Нашиот тренер и нашиот скаутски тим имаат точно одредена програма и ги знаат нашите приоритети. Веќе сме на пазарот и мислам дека ќе излеземе како посилни, бидејќи имиџот на Арсенал во фудбалскиот свет е голем“, објаснува Санлехи.

Scroll to Top