Top Sport

Берлускони: Кога го гледам Милан, го исклучувам телевизорот по 10 минути!

Поранешниот претседател на Милан, Силвио Берлускони вели дека сегашниот тактички пристап на „росонерите“ го нервира, додавајќи дека го „исклучува телевизорот само по 10 минути од стартот на мечот“.

Експремиерот на Италија, Берлускони беше три децении на чело на клубот, во најславните денови на „росонерите“, кога тие беа тим од кој се плашеше Европа, пред да го продаде клубот на Кинезот Јонхонг Ли (кој го загуби од сегашните американски инвеститори откако не ги плаќаше своите долгови).

„Не се согласувам со сегашната тактика на Џенаро Гатузо со само еден напаѓач напред, и играјќи на добри удари од далечина. Милан имаат толку малку удари на гол, така што секогаш кога ќе почнам да ги гледам го исклучувам телевизорот по 10 минути“, вели Берлускони.

По заминувањето од Милан, оваа година Берлускони повторно се врати на фудбалот и со експретседателот на „росонерите“, Адријано Галијани го водат третолигашот Монца.

Scroll to Top