Арсенал втор меч едноподруго во Премеиерлигата пропуштија водство од 2:0, одигрувајќи 2:2 со Вест хем, за да направат предност од само четири поени пред Манчестер сити на врвот на табелата со натпревар помалку и со гостување на „Етихад“ пред нив (26 април).
По 2:2 ремито со Ливерпул, тимот на Микел Артета почна фантастично против „чеканите“, кога во седмата минута Габриел Жесус им донесе водство, а само три минути подоцна Мартин Одегард да зголеми на 0:2. Но, тимот на Дејвид Мојс успеа да врати еден гол во 33. минута, кога беше досуден контроверзен пенал за Вест хем, а Саид Бенрама беше прецизен.
Но, Арсенал на почетокот на второто полувреме имаа шанса да стават точка на мечот, кога беше досуден пенал за нив, но во 52. минута, Букајо Сака целосно го утна голот од белата точка, за само три минути подоцна Џеред Боуен да израмни на 2:2.