Top Sport

Арсенал подготвен да плати 50 милиони за Шешко

Англискиот вицешампион Арсенал сака да го засили нападот во јануарскиот преоден рок. Според медиумите приоритет на Микел Артета е репрезентативецот на Словенија, Бенјамин Шешко (20).

Англиските медиуми ги опишуваат Еди Нкетија, Габриел Жесус и Леандро Тросард само како привремени решенија. Шешко го нарекуваат „Словенски Халанд“ и според нив тој треба да биде долгорочно решение за нападот на Арсенал.

За него Лајпциг наводно бара околу 50 милиони евра, а заинтересирани се Челзи и Манчестер јунајтед. Тој постигна шест гола на 13 натпревари оваа сезона.

Шешко од Домжале на 16-годишна возраст се пресели во фудбалската академија на Салцбург. Во првиот тим го наследи Халанд кога тој замина во Борусија Дортмунд.

Scroll to Top