Новиот менаџер на Арсенал, Унаи Емери доби проблем пред стартот на сезоната, откако неговиот дефанзивец Сеад Колашинац ќе биде во аут десетина недели поради повреда на коленото добиена на пријателскиот меч во средата против Челси.
Левиот бек беше повлечен по 70 минути од мечот во Даблин и сега се очекува да биде недостапен до октомври. Тој би пропуштил осум меча од Премиер лигата и две од Лига Европа. Арсенал ја почнува сезоната против Манчестер сити на 12 август.
Колашинац дојде од Шалке минатата сезона и имаше импресивен старт на сезоната, но откако го повреди скочниот зглоб на 1 јануари, добиваше помалку време во вториот дел од сезоната. Сепак, тој лани играше во 36 натпревари за „топчиите“ со пет гола и четири асистенции.