Top Sport

Арсенал покажале сериозен интерес за Кутињо

Барселона се надева дека во зимскиот преоден рок клубот ќе го напушти Филипе Кутињо. Најскапиот фудбалер во историјата на Барселона во клубот пристигна во јануари 2018 година.

Челниците на Барселона се подготвени по дисконтна цена да го пуштат Кутињо, само да се ослободат од неговата астрономска плата.

Каталонските медиуми шпекулираат дека сериозен интерес за Бразилецот покажал менаџерот на Арсенал, Микел Артета.

Според овие извори, од Лондон, подготвиле конкретна понуда, биле подготвени да платат
20.000.000 евра.

Има ли вистина во овие шпекулации ќе покажат наредните денови.

Scroll to Top