Top Sport

Рафиња во Баерн за 50.000.000 евра

Баерн Минхен и Лидс јунајтед го договориле трансферот на бразилскиот репрезентативец Рафиња. „ТНТ“ Бразил, тврди дека Баерн се согласиле да платат 50.000.000 евра за крилниот напаѓач.

Рафиња, во Лидс, пристигна од Рен, за сума од 21.000.000 евра. Не му требаше многу време за да стане носител на играта. Со добрата форма во Лидс заслужи повик во бразилската репрезентација.

Сезонава со осум гола е најдобра стрелец на својот тим.

Пред Лидс и Рен, Рафиња, бил играч на Виторија Гимараеш и Спортинг Лисабон. Кариерата ја започна во бразилскиот Аваи.

Доколку информацијата на „ТНТ“ Бразил е точна, тогаш Рафиња ќе стане третиот најскап играч во историјата на Баерн. Повеќе пари Баварците издвоиле само за Лукас Ернандес (80.000.000 евра) и Лирој Сане (60.000.000 евра).

Scroll to Top