Арсенал потврди дека Свен Мизлинтат, човекот кој беше најавуван како „магионичар на трансфери“ кога дојде од Борусија Дортмунд, заминува од позицијата одговорен за трансфери на 8 февруари.
„Топчиите“ го донесоа Мизлинтат по неговата импресивна работа со Борусија Дортмунд во декември 2017 година, но сега, само по 14 месеци си заминува со шпекулации дека негов наследник ќе биде легендата на клубот, Холанѓанецот Марс Овермарс, кој работи со Ајакс последните 9 години.
За време на Мизлинтат на „Емирати“ пристигнаа Пјер-Емерик Обамејанг и Хенри Мхитарјан, двајца поранешни фудбалери на Дортмунд и Константинос Мавропанос. Сепак, летото 2018 Арсенал немаше голем буџет и ги донесе само голманот Бернд Лено, Штефан Лихтштајнер и Сократис Папастатопулос. Лукас Тореира и Матео Гендузи исто така имаа добар впечаток со тимот иако беа земени за „малку пари“.