Top Sport

Мурињо: Знам дека луѓето ме мразат

Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо вели дека не му пречи перцепцијата кај голем број на ривалски фанови во текот на неговата кариера, велејќи дека е подготвен да ја игра улогата на „злосторник“.

55-годишниот Португалец во својата кариера беше менаџер на некои од најголемите клубови во Европа, како Челси, Интер, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, и во сите тие позиции редовно ги иритираше противничките фудбалери, тренери и навивачи.

„Тоа е мојата природа. Кога ќе дојдам во клуб, го носам дресот и го симнувам тој валкан и испотен дрес само дента кога ќе си заминам. Се борам за клубот, не ми е грижа за мојот имиџ и не ми е грижа за последиците. Одам во Реал Мадрид, станувам непријател на Барселона, одам во Интер и не можам да прошетам на улиците на Торино. Фановите на Арсенал, можеви сега не ме мразат, но кога бев во Челси бев омразен лик. Играв 15 пати против нив, 12 пати победив и трипати одиграв нерешено. Не загубив и затоа ме мразат“, вели Мурињо.

Scroll to Top