Јувентус наредната сезона нема да игра во Лигата на шампионите. И покрај тоа што со настапите во Серија А заслужи место меѓу елитата, судската одлука со кој на клубот му се одземени десет бода, го остави Јуве без пласман во најценетото клупско натпреварување во светот.
Од елиминација на Јувентус најмногу ќари англискиот вице-првак, Арсенал. Казната што ја доби Јувентус, го смести Арсенал во вториот шешир, а не во третиот шешир каде што припаѓа според европскиот коефициент.
Инаку, досега пласман во Лигата на шампионите изборија 18 екипи:
Англија: Манчестер Сити, Арсенал, Њукасл (+1)
Германија: Борусија Дортмунд, Баерн, Лајпциг (+1)
Шпанија: Барселона, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид (+1)
Италија: Наполи, Лацио (+2)
Франција: ПСЖ (+1)
Португалија: Бенфика, Порто
Холандија: Феенорд
Србија: Црвена звезда
Австрија: Салцбург
Шкотска: Селтик