Јасин Брахими, репрезентативецот на Алжир, треба да биде замената за Дени Велбек во Арсенал. Португалските медиуми објавија дека екипата од Лондон има намера по завршувањето на сезоната да го донесе напаѓачот на Порто.
Велбек, по завршувањето на сезоната, ќе стане слободен играч, а челниците веќе му соопштиле дека нема да добие нов договор, што значи дека како слободен играч ќе го напушти клубот.
Иста е ситуацијата и со Брахими. Поради тоа овој играч е привлечен за Арсенал. Клубот не може да си дозволи големи трансфери ќе ја искористи можноста без обесштетување да го донесе Алжирецот.
Конкуренти на Арсенал за потписот на Брахимо ќе му бидат Милан и Вотфорд.
Брахими, минатата сезона постигнал седум гола на 20 натпревари за Порто во првенството на Португалија.