Top Sport

Арсенал сака да го купи капитенот на Феенорд

Лидерот на табелата во Премиерлигата, тимот на Арсенал, во летниот преоден рок има план да го ангажира капитенот на Феенорд, Оркун Кокчу. 22-годишниот фудбалер за врска игра исклучително од почетокот на сезоната и го води холандскиот гигант кон титулата во Холандија. Тоа не остана незабележано од „топчиите“ кои се подготвени да го доведат во своите редови.

Арсенал сигурно ќе се врати во Лигата на шампионите во новата сезона, а Микел Артета е свесен дека ќе му треба поголема длабочина во тимот. Засилувањето на средниот ред според него е еден од приоритетите, а Кокчу би бил одлично решение бидејќи е млад и во исто време доста искусен фудбалер со докажани квалитети.

Иако има турски корени, Оркун Кокчу е роден во Холандија. Тој е играч што потекнува од младинската школа на Феенорд и досега целата негова кариера ја мина на „Де Куип“, со 166 настапи, 32 гола и 25 асистенции за клубот. Сепак, играчот од средниот ред избра да игра за турската репрезентација и досега има 20 настапи и два гола.

Scroll to Top