Top Sport

Арсенал се задоволни од работата на Артета

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, работи одлично, истакнал техничкиот директор на клубот, Еду. изјавата на поранешниот фудбалер на овој клуб е контрадикторна бидејќи Арсенал во 12 натпревари има освоено 13 бодови. Тимот на Артета се наоѓа во серија од четири порази на домашен терен.

„Микел одлично си ја врши работата. Можам да ја видам нашата иднина со него на чело. Се функционира онака како што треба. Многу млади играчи добија шанса да играат во првиот тим. Пред нас е одлична иднина. Можеби оваа изјава делува чудно во овој момент, но мораме да бидеме искрени. Ние сме тим, не можеме да обвиниме еден човек“, рекол Еду, кој порачал дека клубот ќе се обиде да биде активен на пазарот во преодниот рок.

Арсенал, во 14.коло, во среда ќе го пречека Саутемптон.

Scroll to Top