Top Sport

Арсенал со брутално „тролање“ на Тотенхем преку својата онлајн продавница

Арсенал и Тотенхем се меѓу најстарите англиски ривали и честопати се преминува границата на пристојно однесување кога ќе сака да се навреди противничкиот тим. Арсенал отидоа чекор понапред со пораката на својата онлајн продавница која се потсмева со недостатокот на трофеи на својот ривал.

Последен трофеј што го кренаа Тотенхем беше Лига купот во 2008 година, од последниот ФА куп трофеј поминаа 31 година, додека последната лигашка титула ја освоија во старата Прва дивизија во 1961 година.

Арсенал решија да ја искористат оваа „суша“ со порака ако одите на нивната онлајн продавница – ако сакате да си заминете без ништо да купите, има порака која вели: „Вашата кошничка е празна како ормарот со трофеи на Тотенхем“.

Од клубот потврдија дека ова не било одобрено и дека ќе биде отстрането.

„Тоа беше поставено поради грешка без потребните проверки и ќе биде отстрането веднаш“, велат од Арсенал, кои последен пат лигата ја освоија во 2004, додека ФА купот го освоија во 2020 година.

Scroll to Top