Top Sport

Арсенал со четврта победа во низа до четвртото место во Премиерлигата!

И покрај тоа што противникот го постигна најубавиот гол на мечот, Арсенал стигна до 3:2 победа на гостувањето кај Вотфорд, нивна четврта победа со која ги прескокнуваат Манчестер јунајтед на четвртото место на табелата во Премиерлигата.

Мартин Одегард ги донесе „топчиите“ во водство на гостувањето на „Викариџ роуд“ уште во петтата минута, пред Колумбиецот Кучо Ернандез да израмни во 11. минута со можеби најубавиот гол во Премиерлигата оваа сезона, со фантастичен удар со ножички.

Меѓутоа, Букајо Сака ги врати „топчиите“ во водство по половина час игра, пред Габриел Мартинели, по враќањето од суспензијата за црвен картон, да ја продолжи одличната сезона со гол во 52. минута од мечот. Муса Сисоко во 87. минута намали на 2:3 и ја врати неизвесноста на мечот, но на крајот „топчиите“ си заминаа дома со поените.

Арсенал сега има 48 поени на табелата, еден пред Манчестер јунајтед, иако имаат два натпревари помалку, додека Вотфорд остануваат претпоследни со 19 поени, три под зоната за испаѓање.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top