Арсенал во невеорјатен финиш стигна до 2:1 победа над Вулверхемптон, најавувајќи поход кон топ 4 пласман во Премиерлигата, откако Александер Лаказет во 96. минута од мечот беше спасител за тимот на Микел Артета.
Вулверхемптон дојде во водство уште во 18. минута од мечот со голот на Кореецот Хванг Хи-Чан, и успешно го бранеше водството и покрај многубројните обиди на „топчиите“ да стигнат барем до израмнување.
Тоа конечно се случи во 82. минута од мечот кога Пепе доби топка од Еди Нкетија, па со фантастично свртување ја затресе мрежата на гостите. Нападите на Арсенал продолжија и во 96. минута, Лаказет постигна убав гол за голема победа.
Резултатот ги крева Арсенал до 5. место на табелата со 45 поени, само поен зад четвртопласираниот Манчестер јунајтед, но со два натпревари помалку. Вулверхемптон се на седмото место со 40 поен, најавувајќи интересен финиш на сезоната.
GOOOOOOAL, the equalizer by Pepe??
Arsenal 1-1 Wolves
The game is live on ??https://t.co/NaHsd0OYC3
— Goals (@PLWeek25) February 24, 2022
Lacazette Goal (Arsenal 2-1 Wolves) pic.twitter.com/0PrJ9C4b2O
— Harry (@HarryyWFC) February 24, 2022