Top Sport

Арсенал со голема победа кај Лестер

Арсенал го забележа само вториот триумф во последните шест меча во Премиер лигата, откако на супер-тешкото гостување кај Лестер се вратија за 3:1 победа.

Мечот започна на најлош можен начин за „топчиите“, откако Јури Тилеманс им даде гол по само шест минути игра. Но, во финишот на првото полувреме, тимот на Микел Артета направи импресивен камбек – прво Давид Луиз со убав удар со глава во 39. минута израмни, за потоа во судиското надополнување, Александер Лаказет од пенал да донесе 1:2 водство. Многу критикуваниот Никола Пепе во 52. минута стави точка на натпреварот.

Арсенал сега се на 9. место на табелата со 37 поени (еден пред лутиот ривал Тотенхем), додека Лестер остануваат трети со 49 поени, колку што има и второпласираниот Манчестер јунајтед и дури 13 поени зад лидерот Манчестер сити.

Во вториот премиерлигашки меч, Кристал палас и Фулам одиграа 0:0 реми, со кое Фулам дојде на само три поени од безбедната зона откако имаа катастрофален старт на сезоната и се сметаше дека се „печени“ за враќање во Чемпионшип.

Scroll to Top