Top Sport

Во Дагестан страстите бргу зовриваат – масовна тепачка на јуниорски џудо турнир

Јуниорскиот турнир во џудо во „Али Алиев“ спортскиот комплекс во Каспијск, Дагестан заврши со масовна тепачка меѓу натпреварувачите и гледачите, во уште еден скандал од земјата на „фајтерите“.

Нејасно е што точно е причината за масовната тепачка, иако тренерот Хабиб Магомедов тврдеше дека џудистите не се виновни.

„Тепачката почна кога борците беа во акција повеќе од 10 минути. Некој од Дагестанците почна прегласно да навива, а потоа некои од Осетите се почувствуваа навредени. Потоа почна хаосот“, изјави Магомедов.

Scroll to Top