Top Sport

Арсенал со победа кај фенерџијата Шефилд јунајтед

Арсенал ја прекина низата од два меча без победа со 0:3 триумф кај Шефилд јунајтед, последнопласираниот клуб во Премиер лигата, за повторно да се вратат во горната половина од англиската табела.

Тимот на Микел Артета беше многу критикуван поради неефикасноста, недисциплинираноста и слабите резултати, но на „Брамал лејн“ овојпат не дозволија никакви изненадувања. Александер Лаказет во 33. минута ги донесе гостите во водство, пред Габриел Мартинели да ја смести топката во мрежата по грешката на одбраната на Шефилд во 72. минута. Лаказет го постигна својот втор гол во 85. минута за убедлива победа.

Арсенал се на деветтото место на табелата со 45 поени, огромни 10 поени зад клубовите од топ 4, додека Шефилд јунајтед се убедливо последни и практично второлигаш со само 13 освоени поени во 2020/21.

Scroll to Top