Top Sport

Нова генерација? Први титули во кариерата за Кудерметова и Осорио Серано

Тинејџерката Марија Камила Осорио Серано се врати од сет и брејк негатива за да ја освои својата прва титула пред домашната публика на Копа Колзанитас во Богота, Колумбија.

19-годишната Колумбијка по маратонски меч од 2 часа и 48 минути беше подобра од Словенката Тамара Зиданшек, за како 180-рангирана тенисерка на светот да стане најнискорангираната тенисерка по Маргарита Гаспарјан во 2018 со титула.

Таа е четврта тинејџерка со титула во 2021 по Ига Свјонтек (Аделаида), Клара Тосон (Лион) и Лелја Фернандез (Монтереј).

До прва титула во кариерата стигна и 23-годишната Русинка, Вероника Кудерметова, која со 6:4/6:2 ја совлада Динка Ковиниќ од Црна Гора за да го освои Чарлстон опен без загубен сет. Кудерметова има фантастична 2021, откако играше во финалето во Абу Даби и во четврт-финалето во Санкт Петерсбург.

Scroll to Top