Англискиот премиерлигаш Арсенал тргнува во акција за ангажман на фудбалерот за врска на Лестер, Јури Тилеманс. Откако го доведоа Фабио Виера од Порто, челниците на лондонскиот клуб се во потрага по нов креативен играч за врска.
Медиумите од Островот пренесуваат дека клубот од „Емирати“ веќе подготвил понуда вредна околу 35 милиони евра за Тилеманс.
Договорот на фудбалерот со Лестер истекува следното лето, па „лисиците“ би биле подготвени да го продадат за играчот да не го напушти клубот без обештетување.