Фудбалерите на Арсенал забележаа победа над Баерн Минхен (2:1) во пријателски натпревар одигран рамките на Меѓународниот куп на шампионите.
Во првото полувреме немаше голови, а видени беа само две шанси. Една не реализира Томас Милер во 32 минута, а неколку минути подоцна непрецизен беше и Месут Езил. Како победници од овие дуели излегоа голманите.
Второто полувреме започна со неколку добри шанси за постигнување на гол, а водство на Арсенал му донесе играчот на Баерн Луис Познански. Резултатот го израмни Роберт Левандовски во 77 минута, а на две минути до крајот 20 годишниот Едвард Нкетиа им донесе победа на „топџиите“.