Арсенал беше на работ на уште еден незгоден пораз по еден час игра на гостувањето кај Вест хем, по што во луди девет минути постигнаа три гола за 3:1 победа, прва со преодниот тренер Фреди Љунгберг.
Во 38. минута од мечот, „чеканите“ дојдоа во водство со голот на Анџело Огбона, со мала помош на одбраната на Арсенал, и домаќините го држеа овој резултат актуелен сѐ до 60. минута од мечот.
Тогаш почна „блицкригот“ на Арсенал. Мартинели во 60. минута, Никола Пепе шест минути подоцна и Пјер-Емерик Обамејанг во 69. минута стрелаа за целосен пресврт.
Со победата, прва во пет меча за Арсенал, тие се искачија на деветтото место на табелата со 22 поени, додека Вест хем останаа 16. со 16 поени.