Давид Луиз добил едногодишно продолжување на договорот со Арсенал и покрај тоа што беше на мета на навивачите за катастрофалниот меч со Манчестер сити мината недела, кога згреши за гол, направи пенал и доби црвен картон.
Бразилецот пристигна на „Емирати“ минатото лето од Челси за 8 милиони фунти со само едногодишен договор, но сега ќе остане и во сезоната 2020/21. Покрај оваа зделка, Пабло Мари останува постојано во Арсенал за сума од околу 14 милиони фунти, додека Седрик Соареш ќе потпише четиригодишен договор по едногодишната позајмица од Саутемптон.
Хорор-меч за Давид Луиз, Сити рутински преку Арсенал (видео)