Top Sport

Арсенал заинтересирани за Тео Ернандез

Арсенал во летниот преоден рок ќе се обидат да го донесат дефанзивецот на Милан, Тео Ернандез, тврди „Калчомеркато“, и покрај тоа што на таа позиција во моментов, Микел Артета го има Олександер Зинчено и Киеран Тирни.

Спореед „Калчомеркато“, бидејќи Милан го цени Французинот на повеќе од 80 милиони евра, Арсенал би можеле да го вклучат Зинчено или Тирни во зделката.

25-годишниот Ернандез оваа се зона има 3 гола и 5 асистенции во 33 настапи за Милан, каде што е еден од клучните играчи на Стефано Пиоли.

Scroll to Top