Top Sport

Каталонците се лути, нема да има ручек на пријателство меѓу Лапорта и Перез

Пред новото „Ел класико“ во среда во Копа дел реј, двата лути ривали Барселона и Реал Мадрид нема да ја продолжат традицијата на вечера помеѓу претседателите на клубовите откако Каталонците им се лути на своите ривали околу скандалот „Негреира“.

Бордовите на двата клуба вообичаено се среќаваат на ручек или вечера пред секое „Ел класико“ во знак на пријателство, но сега претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ја отфрлил можноста за дружба. Реал Мадрид првично не ја осудија Барселона за случајот со исплатите за поранешниот потпретседател на судиската организација, но потоа преку соопштение објавија дека се подготвени да сведочат против ривалите.

За Барселона ова беше нефер однесување, посбно бидејќи Реал и Барса се обединети во борбата против Ла лига со проектот за Европската Суперлига.

Лапорта исто така одби дружба со Перез пред „Ел класико“ на 14 март, а исто така се верува дека Перез нема да отпатува за Каталонија поради стравувања од непријателска атмосфера. Инаку, ова е втор меч од полуфиналето – Барса има 1:0 предност по мечот на „Сантијаго Бернабеу“.

Scroll to Top