Top Sport

ФИФА по Индонезија, му одзеде јуниорско првенство и на Перу

Перу стана втора земја која остана без јуниорско првенство, откако ФИФА објави дека јужноамериканската нација не ги исполнина ветувањата околу инфраструктурата на Светското првенство до 17 години, кое требаше да се одржи од 10 ноември до 2 декември оваа година.

ФИФА оценува дека нема доволно време да се комплетираат ветените работи пред стартот на првенството, додека од Перуанската фудбалска федерација (ФПФ), објаснија за што се работи.

„Одлуката е базирана на задоцнетиот почеток на работата за инфраструктурата, посебно по циклонот Јаку, кој направи голема штета во северниот дел на нашата земја“, велат од федерацијата.

Минатиот месец, ФИФА им ја одзеде организацијата на СП под 20 години на Индонезија, откако муслиманската земја одби да гарантира сигурност на репрезнтацијата на Израел.

Scroll to Top