Top Sport

Арсенал „запрен“ во Брајтон (видео)

Арсенал доминираше, но не успеа да си замине со победа од југот на Англија, одигрувајќи 1:1 со Брајтон, за да не успее да го задржи темпото со првопласираните Ливерпул и Тотенхем.

Пјер-Емерик Обамејанг постигна апсолутно прекрасен гол по убава акција на „топчиите“ уште во седмата минута, но Брајтон се врати во 35. минута преку Локадија по што до крајот на мечот успеа да го издржи нападот на гостите.

Со поенот, Арсенал е на четвртото место во Премиер лигата со 38 поени, еден повеќе од петтопласираниот Челси, кој од 20.30 гостува на Ватфорд. Брајтон се 13. со 22 поени и со ова реми ја прекинаа лошата низа од три порази.

Фото: ЕПА

Scroll to Top