Top Sport

Цаниоло ја „легна“ одбраната, Рома се врати на победите (видео)

Еузебио ди Франческо ќе може посмирено да ја пречека новата година, откако Рома се врати на победите со лесна 3:1 победа над Сасуоло во првото коло во Серија А по Божиќ.

Диего Пероти ја донесе „волчицата“ во водство во осмата минута од пенал, по што Патрик Шик зголеми на 2:0 во 23. минута, за Николо Цаниоло да ја осигура победата во 59. минута со апсолутно прекрасен гол, понижувајќи ја одбраната на Сасуоло. Кума Бабакар во 90-тата минута го постигна почесниот гол за гостите.

Со триумфот, Рома се врати на седмото место со 27 поени, еден помалку од Милан на шестото место.

И Торино имаше лесна празнична победа, од 3:0 над Емполи за да остане на осмото место со еден поен помалку од Рома.

СЕРИЈА А, 18.КОЛО

Рома – Сасуоло 3:1

СПАЛ – Удинезе 0:0

Торино – Емполи 3:0

Фото: ЕПА

Scroll to Top