Top Sport

Артета: Јас бев решението, не проблемот со Обамејанг

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета се опиша себеси како „решението“ во неговиот однос со Пјер-Емерик Обамејанг, откако поранешниот капитен на топчиите изјави дека заминал во Барселона бидејќи Артета имал „проблем со него“.

Обамејанг го раскина договорот со Арсенал (за што наводно Арсенал му исплати 8 милиони фунти), за да потпише со Барселона на последниот ден од јануарскиот преоден рок, откако претходно Артета му ја одзеде капитенската лента поради „дисциплински прекршок“ во декември.

„Тоа е негово мислење и мора да се почитува. Јас сум благодарен за тоа што тој направи тука во клубот, а во таа врска јас бев решението, а не проблемот. Јас бев 100 отсто решението. Можам да погледнам во очи било кого. Да, и јас правам погрешни работи, но намерата секогаш е најдобра, и тоа не за мене, туку за клубот и за тимот“, вели Артета.

Обамејанг ја освои ФА куп титулата во 2020 со Арсенал и минатата сезона беше прогласен за капитен откако потпиша продолжувње на договорот во 2020.

Scroll to Top