Менаџерот на Арсенал, Микел Артета вели дека драматичната 3:2 победа над Борнмут, обезбедена со голот на Рис Нелсон во 97. минута на „Емирати“ е неговиот „најгласен и најемотивен момент“ во кариерата и дека треба да им даде доверба на неговите играчи дека можат до титулата од Премиерлигата.
Арсенал губеа со 2:0, пред „топчиите“ да се вратат во игра со голови во 62. и 70. минута. Во лудото финале, во меч во кој Арсенал имаа 31 удар на голот, Нелсон го реши мечот во 97. минута.
„Ова е најгласниот и најемотивниот момент кој г имаме заедно. Патот беше долг, а сега навивачите и играчите се во ист ритам. Нешто навистина посебно“, вели Артета.
Откако загубија од Манчестер сити на 15 февруари, Арсенал ги победија Астон вила, Лестер, Евертон и Борнмут.