Арсенал мора да биде активен во зимскиот преоден рок. Повредата на Габрел Жесус значи дека клубот мора да донесе напаѓач. Бразиелцот се повреди на СП, го оперираше коленото, прогнозите се дека ќе се врати во тимот за три месеци.
Покрај овој непланиран маневар, менаџерот Микел Артета има план да го донесе талентираниот Украинец Микхаило Мудрик. На лето Артета го планира Јури Тилеманс.
Микел Артета има намера сериозно да го засили редот за врска, во двете линии дефанзивната и офанзивната. Наводно со Мудрик и Тилеманс постигнал договор.
Летниот трансфер на Белгиецот нема да биде проблем, бидејќи тој ќе биде слободен играч по завршувањето на сезоната. Поголем проблем ќе претставува трансферот на Мудрик.
Шахтјор објави дека Мудрик вреди 100.000.000 евра, иако се претпоставува дека би можеле да прифатат понуда од 60.000.000 евра.