Top Sport

„Не“ за идејата на ФИФА, Мундијалите да се играат на секои две години

Европските национални првенства не се согласуваат со идејата на ФИФА, светските првенства да се одржуваат на секои две години. Едногласни се дека „нови или проширени натпреварувања нема да ги решат проблемите во фудбалот“.

Фронтот против ФИФА и идејата Светскиот куп да се игра на секои две години, секојдневно се зголемува.

Управниот одбор на Европските национални првенства, на денешниот состанок во Нион, едногласно се спротивстави на овој предлог.

„Националните првенства ќе работат заедно со останатите актери, со цел да ги спречат фудбалските управни тела да носат еднострани одлуки, кои му штетат на домашниот фудбал, кој е темел на нашата индустрија и е од најголемо значење за клубовите, фудбалерите и навивачите во Европа и светот“, се наведува во соопштението.

Ова соопштение го потпишале Примера, Бундес лигата, Серија А, Премиер лигата, руската Премиер лига, португалската Лига, Лига 1, полската Екстракласа, Англиските фудбалски првенства, односно националните лиги на Данска, Шведска, Швајцарија и Романија.

„Фудбалскиот календар, дефинитивно бара согласност од сите заинтересирани страни и може да биде само резултат на суптилната рамнотежа помеѓу клупскиот и репрезентативниот фудбал и помеѓу домашниот и меѓународниот клупски фудбал“, се истакнува во соопштението, со кое на Џани Инфантино, јасно му порачале какво е нивното мислење за неговата мегаломанска идеја.

Scroll to Top