Top Sport

Артета: Шест месеци ќе ме суспендираат ако ви кажам што мислам

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета очигледно беше незадоволен од судијата во поразот од Тотенхем со 3:0, во 36. коло од Премиер лигата, особено со црвениот картон за Роб Холдинг (втор жолт во 33. минута).

Спарс по триумфот имаат 65 бода, еден помалку од Арсенал кој е на позицијата што обезбедува пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

„Не можам да ви дадам искрена оценка за овој натпревар, бидејќи тогаш ќе ме суспендираат на долго време, на шест месеци. Сакам да бидам искрен, а сега не можам да бидам таков. Горд сум на моите играчи загубивме, го прифаќаме тоа. Гледаме кон Њукасл“, изјави Артета, кој не сакаше да го коментира исклучувањето на Холдинг и пеналот што го доби Тотенхем во 22.минута.

„Не знам. Одлуката е донесена, натпреварот е завршен. Не можам да дадам свое мислење, ќе бидам суспендиран. Мислам дека можете јасно да го прочитате мојот говор на телото“.

Scroll to Top