Top Sport

Артета: Тревата беше висока, не можевме да играме

Арсенал вчера одиграа 0:0 во Брајтон, тренерот Микел Артета има интересна теорија зошто неговите играчи не успеале да победат.

Шпанецот тврди дека тревата на „Труф“ стадионот во Барнли била премногу висока/ Поради тоа неговите играчи не можеле да ја развијат играта.

„Условите беа тешки, тревата беше висока. Не го залеваа теренот со вода, а тоа не е добро за екипи што сакаат да играат фудбал. Го очекував тоа, ние и трениравме во такви услови. Таква е нивната игра, тоа е дозволено, ние бевме тие што требаше да се прилагодат“, рекол Артета.

Нерешениот резултат во Барнли беше 12 во Премиер лигата за Арсенал од почетокот на сезоната. По 25 рунди во првенството Арсенал се на десеттото место со 31 поен.

Scroll to Top