Top Sport

Иванишевиќ за Ѓоковиќ: Какви м…ња има овој шампион

Горан Иванишевиќ еден од тренерите на Новак Ѓоковиќ го освои првиот грен-слем откако соработува со српскиот тенисер. Како тренер има и грен-слем од Ју-Ес опен со Марин Чилиќ.

Ѓоковиќ вчера, во Мелбурн, по четири часовна борба, го победи Доминик Тим со 3:2, ја освои осмата титула во Австралија. Србинот има 17 грен-слем титули, две помалку од Надал и три од Федерер.

„Кога требаше да одигра мајсторски, така и граше. Екстремно важен поен беше брејк-топката во петтиот сет, а Новак одлично го одигра сервисот. На 4:3 и 30:30 повторно ризикуваше со вториот сервис…Неверојатен ризик, но шампионите…Како да кажам поинаку…Шампионите мора да имаат м….а, а тој по кој знае кој пат покажа дека ги има“, рекол Иванишевиќ.

„Горд сум што сум дел од овој тим. Ајде да пробаме веќе оваа година да го стинеме рекордот на Федерер, доколку не успееме, тогаш барем да му се доближиме, па ќе го нападнеме наредната година“, рекол поранешниот шампион на Вимблдон и член на „Куќата на славните“.

Scroll to Top