Top Sport

Кенин „скокна“ седум места на ВТА листата, Ѓорческа е на 400 место

Сензационалната шампионка на Австралија опен, Софија Кенин, од денес го има најдобриот пласман во кариерата на ВТА листата. Американката родена во Москва прв пат се наоѓа меѓу најдобрите десет тенисерки во светот.

Кенин, во саботата во Mелбурн, ја освои првата грен-слем титула во кариерата. Во финалето со 2:1 ја победи Гарбиње Мугуруса. Титулата во мелбурн и донесе скок од осум места на ВТА листата.

Таа од денес се наоѓа на седмото место.

Број 1 во светот и понатаму е Австралијката Ешли Барти, која во Мелбун беше поразена токму од Кенин. Барти има 8.367 поени, на второто место е Симона Халеп со 6.101, а трета е Каролина Плишкова со 5.290 поени.

Зад нив се Елина Свитолина, Белинда Бенчиќ, Бјанка Андреску, Софија Кенин, Кики Бертенс и Серена Вилијамс. Десетта е Наоми Осака која не успеа да ја одбрани титулата во Мелбурн.

Најдобра на ВТА листата од македонските тенисерки е Лина Ѓорческа која се наоѓа на 400 место.

Scroll to Top