Top Sport

Артета: Зарем сте виделе таков црвен картон како на Мартинели?

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета остана зачуден од црвениот картон кој го доби Габриел Мартинели во текот на вчерашната 1:0 победа на гости кај Вулверхемптон, кога Бразилецот доби два директни жолти картони во ист момент.

Во второто полувреме, Мартинели прво пречеше во изведување на аут, по што беше покажано да се почитува предноста, за моменти подоцна да го собори Чикињо и да добие по еден жолт картон за двата престапи. „Топчиите“ сега имаат дури четири црвени картони само во календарската 2022 и дури 15 црвени од доаѓањето на Артета во клубот во 2019 година.

„Никогаш не сум видел такво нешто. Во оваа земја сум 18 години и никогаш не сум видел вакво нешто. Дали сте виделе вие? Страдавме со 10 луѓе во финишот. Навистина зачудувачки“, вели Артета.

Со победата, Арсенал го помина Манчестер јунајтед на петтото место во Премиерлигата и имаат два меча помалку од четвртопласираниот Вест хем.

Жота пак е херојот на Ливерпул, бизарен петти црвен картон за Арсенал оваа сезона

Scroll to Top