Top Sport

Артур му го упропасти трансферот на Пјаниќ

Фудбалерот на Барселона Артур Мело соопштил дека мена намера да се сели во Торино. Бразилецот требаше да биде дел од размената која ја договорија клубовите, а која Миралм Пјаниќ требаше да го донесе на „Ноу Камп“.

Размената на фудбалери ја иницираше Јувентус, а во Барселона ја прифатија. Меѓутоа Артур неколку пати истакна дека е задоволен на „Ноу Камп“. Италијанските и шпанските медиуми пренесуваат дека тој разговарал со спортскиот директор на Јувентус Фабио Паратичи. Бразиелцот го повторил ставот дека нема намера да ја напушти Барселона, без оглед на условите што му ги нуди Јувентус.

Ваквиот развој на настаните најмногу му штети на Пјаниќ. На репрезентативецот на Босна и Херцеговина му пропадна трансфер во голем клуб, а од друга страна му е јасно дека доколку остане во Јувентус нема да биде во преден план кај тренерот Маурицио Сари.

Заинтересирани за услугите на Пјаниќ има, во преден план сега се Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top