Top Sport

Нема крај на кризата на Шалке, незгоден пораз кај Диселдорф (видео)

Позицијата на Давид Вагнер на клупата на Шалке станува неоддржлива откако неговиот клуб и во 10-тиот меч во низа во Бундеслигата не успеа да победи, губејќи со 2:1 од Фортуна Диселдорф, за трет пораз по рестартот, по 4:0 „катастрофата“ од Борусија Дортмунд и понижувачкиот 0:3 пораз од Аугзбург.

На „Меркур-шпил арената“, Шалке дојде во водство преку Американецот Вестон Меккени со одличен гол со глава во 53. минута. Радоста траеше само десет минути, откако Хенингс израмни по хаотичната реакција на одбраната на Шалке. Целосниот пресврт го комплетираше Караман само пет минути подоцна.

Со поразот, Шалке паднаа на деветтото место со 37 поени, додека Фортуна останува во зоната за испаѓање на 16. место со 27 поени, еден помалку од Мајнц, кои одиграа само 1:1 со Унион Берлин.

Хофенхајм пак, ја оствари првата победа по рестартот на лигата, триумфирајќи со 3:1 над Келн предводени од двата гола на Криштоф Баумгартнер.

БУНДЕСЛИГА, 28.КОЛО

Аугзбург – Падерборн 0:0

Фортуна Диселдорф – Шалке 2:1

Хофенхајм – Келн 3:1

Унион Берлин – Мајнц 1:1

ФОРТУНА – ШАЛКЕ

ХОФЕНХАЈМ – КЕЛН

УНИОН БЕРЛИН – МАЈНЦ

АУГЗБУРГ – ПАДЕРБОРН

Scroll to Top